Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Четири мажи во Баку втрчаа на терен и го опколија Фернандеш

Средбата во Баку во самиот финиш донесе и еден интересен момент во кој неколку млади навивачи влетаа на теренот се со цел да се сликаат со Бруно Фернандеш.

Репрезентацијата на Португалија вчера го совлада Азербејџан на гости (3:0) во квалификациите за СП 2022 година. Во 87. минута, тројца гледачи истрчаа на теренот и го прегрнаа играчот од средниот ред на гостите, Бруно Фернандеш, а потоа почнаа да се фотографираат со него.

Интересно е тоа што обезбедувањето воопшто не реагираше, односно никој не се појави како воопшто и истото да го нема.