Кошарка
ВИДЕО: Четири порази во низа за лидерот на истокот Бостон Селтикс
Лос Анџелес Лејкерс забележа тесна победа од 108:107 над Бостон нанесувајќи им го четвртиот пораз во низа на Селтик кои и натаму остануваат лидери во Источната конференција.
Кајл Кузма беше најефикасен во победничкиот состав со 28 поени, Џордан Кларксон додаде 22 и Џулиус Рендл 14 поени со исто толку скока под обрачите.
Кај Бостон најрасположен за игра беше Кајл Ирвинг со 33 поени.
На останатите средби кои се одиграа рано утрово победа на Сакраменто од 105:99 над Орландо, Оклахома со 109:108 го победи Бруклин, Сан Антонио со 114:102 триумфираше над Кливленд и Голден Стејт запиша победа од 123:112 над Њујорк.