Тајмаут
ВИДЕО: Чирибу-чириба – Сите зборуваат за овој потегот на Вајналдум
Овие денови се играат натпреварите во рамките на Лигата на нации, а по тој повод се собраа и репрезентативците на Холандија меѓу кои очигледно постои еден магионичар.
Се работи за играчот од средниот ред на Ливерпул Жоржињо Вајналдум кој на тренингот на репрезентацијата изведе еден навистина интересен потег.
Имено, тој очигледно ја сокри топката под дресот, па од аголот од кој снимаше камерата изгледаше како топката да се појави од никаде. На тој начин Вајналдум ги насмеа многумина корисници на друштвените мрежи.
https://twitter.com/FootbaII_HQ/status/1050665447069118468