Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Чупиќ го крена пехарот и шампионски се збогуваше со Вардар

Хрватскиот интернационалец си заминува од таборот на „црвено-црните“ по завршувањето на оваа сезона по пет години и се враќа во Загреб.

По пет години, две европски титули и бројни домашни трофеи, дојде време за разделба меѓу Чупиќ и Вардар

За жал Чупиќ не можеше да се збогува со Вардар како што посакува, пред полни трибини.

“Поминав убави години во Вардар. И претходно кажав тука се чувствувам како дома. Македонија, Скопје е мојот втор дома. Мило ми е што заминувам со двојна титула. Секој ден поминат во клубот ќе го памтам, и со Самсоненко и со Михајло. Жал ми е што не се збогував пред полни трибини, пред Комитите, но се надевам дека тоа ќе го сторам кога ќе се вратам следната сезона, ќе има публика. Иако ќе бидам играч на Загреб, јас ќе бидам среќен што ќе се вратам во Скопје”, изјави Чупиќ.

Од следната сезона Чупиќ ќе ги брани боите на ППД Загреб.