Фудбал
ВИДЕО: Даглас Коста како „брз воз“ во Москва, Роналдо му се налути на Сари
Кристијано Роналдо му се налути на тренерот Сари кога одлучи да го замени и на негово место да го внесе Дибала. Сепак, по победничкиот гол кој го постигна Даглас Коста се врати насмевката на неговото лице.

А, голот на Коста е посебна приказна. И тој во игра влезе во второто полувреме и тоа во 70.минута, а во третата минута од судиското продолжение, како „брз воз“ се прошета покрај играчите на Локомотив, комбинираше со Игуаин, и постигна гол за 2:1 и три нови бода за пласман во осминафинале.