Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Данска го крена пехарот во Египет, но таму недостигаше нешто

Селекцијата на Данска успеа да го одбрани насловот светски првак од 2019-та година. Во финалето во Египет ја совлада соседна Шведска со 26:24. По победата се одржа цереномијата на доделувањето на пехарот. Данците славеа, ја пееја химната, го кренаа пехарот, но таму недостигнаше нешто. Тоа е публиката. За прв пат во историјата Светско ракометно првенство се одржа пред празни трибини. Погодувате, поради коронавирусот.

Имаше „атомски“ ракомет во финалето, но и на неколку други мечеви. Фантастични потези, голови, асистенции, но изостанаа воздишките на навивачите. Немаше атмосфера во салите, само се слушаа довиците на ракометарите и нивните тренери, а секако и свирката на судиите.

И оние кои што не се големи љубители на ракометот ќе кажат дека пред празни трибини не се игра. Секако радоста е голема, Данците ја одбранија титулата, станаа само четвртата нација на која им успеало тоа, по Франција, Романија и Шведска, но сепак радоста ќе беше комплетна да ги имаа своите навивачи вечерва во Египет.

Дали ќе се повтори оваа слика и на претстојното Европско фудбалско првенство кое во јуни и јули ќе се одигра во неколку градови во Европа, а на кое за прв пат во историјата ќе учествува и Македонија, веројатноста е голема.