Ракомет
ВИДЕО: Данска се смее, но и чуди, во салата во Битола здивот замрзнува
Еурофарм Пелистер го совлада ГОГ во салата „Боро Чурлевски“ иако данскиот тим беше благ фаворит. Сепак, на крајот тимот од Битола славеше со 32:31.
Но, пред мечот Данците објавија видео со кое покажуваат дека и здивот замрзнува во салата во Битола. Дека има проблеми со греењето тоа е очигледно, а со оглед на тоа дека Битола во изминатите денови е најстудениот град во Македонија, вакви услови секако се неприфатливи за ракометарите.