Фудбал
ВИДЕО: Дарко Чурлинов на првиот тренинг на Келн на стартот на подготовките
Келн се врати во првата Бундеслига и ги започна подготовките за новата сезона од која очекува солиден пласман. Член на Келн од поодамна е Дарко Чурлинов, најмладиот дебитант во историјата на македонската сениорска фудбалска репрезентација.
Чурлинов на 11 јули ке полни 19 години, повикан е во сениорскиот тим на Келн на стартот на подготовките, ќе добие шанса да го покаже својот квалитет и да се наметне за евентуален настап во дресот на „јарците“ во новата сезона.
Келн преку својот ТВ канал го објави видеото од првиот тренинг на кој вообичаено доаѓаат многу навивачи на клубот.
https://streamable.com/e0gwk?fbclid=IwAR018fHyOrHQGNekqgjllEWD1UIL9BFYn8iJYf5CY80eeKGed2LfHTeRHxQ
Извор: Дриблинг