Connect with us

Фудбал

(ВИДЕО) Де Роси: Зар јас да влезам во игра?

Италија не успеа да ја победи Шведска (0:0) и остана без пласман на Светското првенство 2018, а како се ближеше крајот на синоќешниот реванш од баражот со Шведска, тензиите растеа и на теренот и на клупата за резерви.

Во еден момент Даниеле Де Роси беше повикан на загревање, а тој зачудено запраша:

– Зар јас да влегувам? Ни треба победа, и покажа кон Инсиње кој беше „заборавен“ од селекторот Вентура.

Де Роси, заедно со Буфон, Кјелини и Барзаљи објавија крај на репрезентативната кариера по несупехот со Шведска.