Фудбал
ВИДЕО: Девојката на Дибала повторно позитивна на Ковид-19
Ориана Сабатини, девојка на фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала, објави предупредувачка видео порака до нејзините фанови преку Инстаграм. Порачува да не се верува во лажните вести за Ковид-19, бидејќи како што вели таа многумина ништо не знаат за овој вирус.
Таа во пораката вели дека на 21 март бил направен тест на неа и Дибала кој бил позитивен. Пред два дена, кога поминале најлошите симптоми, направиле тест кој бил позитивен.
Сепак, како што тврди таа вчера направила уште еден тест кој повторно се покажал позитивен на Ковид-19.
-Ова само покажува колку малку знаеме за овој вирус. Мислевме дека сме заразени од контактот на моето момче со неговиот клубски колега Ругани. Но, еве поминаа 15 дена како сме болни, па не би требало да сме позитивни, но не е така, вели Ориана која е пејачка и манекенка.
View this post on Instagram