Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Џејмс и Дурент со по 32 поени, Вориорс по втор пат триумфираа против Кавс оваа сезона

Голден Стејт повторно триумфираа над Кливленд, со што Вориорс убедливо ја држат првата позиција.

Откако на Божиќ пред своите симпатизери ги совладаа Кавси, синоќа кошаркарите на Голден Стејт тоа го направија и на теренот на Кливленд во дуелот кој го добија со 118-108.

Кевин Дурент со 32 поени и Стеф Кари со 23 беа најзаслужни за 13-титот триумф во низа на шампионот.

Кај Кливленд, за кој ова беше четврти пораз во низа најефикасни беа Леброн Џејмс со 32 поени и Ајзеа Томас ко јпостигна 19 поени.