Кошарка
ВИДЕО: Џејмс и Кливленд со трет последователен пораз
Кливленд забележа нов пораз и тоа против екипата на Индијана со резултат 95-97.
Најдобриот тим од Истокот последните сезони имаше неверојатна предност од 22 поени по првата четвртина, но потоа домаќините предводени од Дарен Колисон со 22 поени стигнаа до импресивна победа. Леброн Џејмс имаше добра партија со 27 поени, 11 асистенции, 8 скокови, но тоа не беше доволно за прекин на лошата низа.