Фудбал
ВИДЕО: Динамо Загреб го учи Си-Ен-Ен на географија
Американската телевизиска мрежа имаше специјално издание во спортските вести за Лигата на шампионите, претставувајќи ги младите ѕвезди кои доаѓаат. Спомнаа тројца Лутаро Мартинез од Интер, Ерлинг Халанд од Салцбург, и Дани Олмо од Динамо Загреб. Сепак, за Си-Ен-Ен веројатно фудбалот не е силна страна, па за Дани Олмо рекоа дека ја напуштил фудбалската школа на Барселона за да замине во Динамо Киев-Украина.
Веднаш реагираше Динамо Загреб и на социјалните мрежи напиша дека Олмо е нивен фудбалер и дека Киев е „само“ 1000 милји подалеку.