Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Доминација на Ред Бул на тренинзите, но за Верстапен не заврши се баш најдобро

Возачите на Ред Бул доминираа и на третиот слободен тренинг. Даниел Рикардо го извози најбрзиот круг на денешниот тренинг со време од 1:11.786, а веднаш зад него се најде неговиот тимски колега, Макс Верстапен кој постигна време од 1:11.787.

Третата и четвртата позиција му припадна на возачите на Ферари, односно трет заврши Фетел со време од 1:12.023, а четврт Раиконен со време од 1:12.143.

Потоа следеа мерцедесите, Хамилтон и Ботас кои завршија на петтата и шестата позиција.

Меѓутоа не се заврши се баш најдобро за Ред Бул. Макс Верстапен имаше мал контакт со заштитната ограда, но доволен да „уништи“ болидот на само неколку часа пред почетокот на квалификациите.

Погледнете како изгледаше сето тоа.