Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Дончиќ го стигна рекордот на „летечкиот“ Мајкл Џордан

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постигна 27 поени, осум асистенции и седум скока против Сакраменто (106:110). Со тоа Дончиќ стана првиот играч во последните три децении што дал 20 или повеќе поени на 19 натпревари во низа, со остварени пет или повеќе скокови и асистенции.

Словенецот го надмина достигнувањето на легендарниот Мајкл Џордан остварено во 1989 година. Тогаш „летечкиот“ Џордан беше во таква серија кога играше за Чикаго.

Најдобар резултат во историјата на НБА е на Оскар Робертсон, кој н а29 натпревари во низа има такви статистички показатели. Робертсон го постави рекорд во сезоната 1964/65 кога играше за Синсинати.