Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Дончиќ испиша историја во НБА лигата

Лука Дончиќ забележа уште една фантастична партија во својата кариера и со трипл-дабл испиша историја во НБА лигата.

Неговиот тим беше поразен од Шарлот (120:123), но Дончиќ успеа да испише клупски рекорд. Тој на натпреварот запиша 39 поени, 12 скока и 10 асистенции, и стана првиот кошаркар во историјата на клубот кој има 10 трипл-дабл остварувања во една сезона.

И покрај одличниот настап на Дончиќ, сепак на крајот Шарлот издвојува победи со 123:120.