Тајмаут
ВИДЕО: Драма на теренот на Ѓоковиќ! На дете му се слоши, Новак веднаш реагираше!
Најдобриот српски тенисер и моментално трет рекет на планетата Новак Ѓоковиќ е во Париз каде од недела на 28 мај, па, сите се надеваме до 11 јуни ќе се обиде да стигне до титулата на Ролан Гарос ..
Ноле не е прв фаворит, има многу тешка ждрепка и во полуфиналето би можел да се сретне со Карлос Алкараз, а на самиот старт на турнирот ќе игра против Американецот со српско потекло Александар Ковачевиќ .
Ѓоковиќ непосредно пред почетокот на турнирот се најде во центарот на вниманието поради вистинската драма која се случи на неговиот тренинг. Сончевото време и големиот број луѓе на трибините на некои луѓе им се слоши, па на едно момче му се слоши, а прв на помош му пријде Ноле.
papa bear novak in action 🐻 @djokernole pic.twitter.com/Q8YHHhwl8c
— Tennis Channel (@TennisChannel) May 27, 2023
Тој го прекинал тренингот на Србинот, притрчал до момчето и го донел до клупата каде му дал вода и пешкир. Момчето беше моментално подобро, а Ѓоковиќ прерасна во херој и ја воодушеви публиката.
Подоцна, Ноле продолжи да се подготвува за првиот осминафинален натпревар кој ќе го одигра против Александар Ковачевиќ во понеделник на 29 мај.