Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: ЕХФ му се поклони на Лазаров, „Кралот“ нов селектор на Македонија

Веста дека Кире Лазаров ќе биде селектор на Македонија привлече големо внимание. Беше на насловните страници на речиси сите регионални, но и европски спортски изданија, особено оние кои се специјализирани за ракомет.

Сега и ЕХФ му одаде признание, му се поклони. Објави фантастично видео најавувајќи го Лазаров како нов селектор на Македонија, а условувајќи го со „Кралот“ со „Легендата“ и слично.