Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: ЕХФ со моќно видео му посака добредојде на Вардар во Келн!

Трета година по ред фајнал-форот во ракометната Лига на шампиони ќе биде збогатен со учеството на македонскиот гигант Вардар.

„Црвено-црното“ семејство повторно ги израдува своите фанови и преку незаборавниот четвртфинален двомеч со ПИК Сегед обезбеди нова виза за „Ланксес“ арената во Келн. Европската куќа на ракометот веќе започна со одбројување на големиот спектакл, а преку моќно видео им посака добредојде на вардарци во Келн.

  • Погледнете го видеото на ЕХФ посветено на Вардар: 
Завршниот турнир на Лигата на шампионите ќе се одржи на 1 и 2 јуни, а противник во полуфиналето на Вардар ќе му биде Барселона.