Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Екипата на Шкендија се враќа на победничката патека

Екипата на Шкендија со победата од 2-о на гости во Прилеп успеа да се врати на победничката патека.

Прилепчани, Шкендија ја пречекаа со две победи во низа, над Скопје и Вардар. Шкендија пак, поучена од минатото знаеше дека денеска немаше право на кикс, ако сака да остане на врвот од табелата.

Со голот на Хасани во 9. минута од белата точка, Шкендија донесе рано водство против домаќинот Победа.

Во текот на натпреварот беа доделени дури пет жолти картони, а во второто полувреме до натпреварот Победа се „освести“ и имаше шанса да ремизира, но Захов не дозволи израмнување.

На самиот крај од натпреварот, во 90. минута Шкендија уште еднаш преку Ибраими го зацврсти првото место на пиадесталот.