Ракомет
ВИДЕО: Еурофарм Пелистер елиминиран, Мешков Брест патува за Задар
Еурофарм Пелистер е елиминиран од трката по место во Ф4-турнирот во СЕХА-лигата, со денешниот пораз во Брест со 35-31 Мешков е екипата која ќе продолжи во завршната борба за титулата во Задар.
Валјупов со 11 гола од 11 обиди беше најпрецизен ракометар на теренот, додека во редовите на Еурофарм Пелистер се истакнаа Мандалиниќ и Обрадовиќ со по пет гола, а четири запиша младиот Мараш. Мешков Брест во полуфиналето од завршницата во Задар ќе се сретне со поуспешниот од четвртфиналето меѓу ППД Загреб и Вардар. Македонскиот тим на реваншот во Хрватска носи позитива од четири гола.