Фудбал
ВИДЕО: Фиорентина го совлада Удинезе, поништен гол на Несторовски
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски втор меч стартуваше од првата минута во дресот на Удинезе и успеа да ја погоди противничката мрежа во 34.минута, но сепак по разгледувањето на ВАР снимката, неговиот гол беше поништен. Причината беше пред голот на Несторовски, неговиот соиграч Опаку играше со рака.
Несторовски одигра 60-тина минути против Фиорентина, која на крајот славеше со 1:0 со голот на Никола Миленковиќ постигнат во 72.минута.
Фиорентина во моментов е на 8.место со 11 бодови, додека Удинезе е на 14.место со седум освоени бодови.