Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фламенго на крилјата на Габигол, ќе игра финале против Ривер Плата

Во финалето на Копа либертадорес сезонава ќе играат бразилскиот тим Фламенго и аргентинскот Ривер Плата.

Фламенго го понижи Гремио и славеше со 5:0. Во фокусот на мечот беше фудбалерот Габриел Барбоса-Габигол кој постигна два гола и запиша асистенција. Хенрике, Мари и Чаио постигнаа по еден за убедлива победа.

Ривер Плата загуби на гостувањето кај Бока Јуниорс со 1:0, но сепак се пласираше во финалето благодарејќи на победата на домашен терен од 2:0.

Финалето во Копа Либертадорес се игра на 23 ноември.