ВИДЕО: Фудбалерите на Реал Мадрид се смееја на Симеоне за тоа како го води натпреварот

Во второто мадридско дерби оваа сезона, Реал Мадрид го совлада Атлетико Мадрид со минимални 1:0. Голот за победа на Реал го постигна Карим Бензема.

Во текот на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, една од камерите го следеше Диего Симеоне. Аргентинецот го доживеа натпреварот како многу напнат и го водеше во неговиот карактеристичен стил.

Двајцата играчи на Реал, Милитао и Марсело, не успеаја да се воздржат еден со друг и се смееја на Симеоне за тоа како ја води играта, пред се заради неговите гестови и начинот на кој тој ја перцепира секоја акција.

Во еден момент, Милитао може да се види со насмевка на лицето му кажува на Марсел дека ќе му ја подари топката на аргентинскиот стручњак и ќе му каже да оди да игра. Подоцна им се придружи и резервниот голман Ареола.

Инаку, на Симеоне во последно не му оди како што планира. Атлетико веќе се збогуваа од Купот на кралот, остана зад Реал во првенството за 13 поени. Единствено спасување би можело да биде Лигата на шампионите, а ривалот во осмина финалето е најтешкиот што можеше да биде  – Ливерпул.