Фудбал
ВИДЕО: Гатузо со пораз дебитираше, Елмас на клупа, Кулушевски погоди на „Сан Паоло“
Освен тренерот, ништо ново кај Наполи. Џенаро Гатузо дебитираше со пораз на клупата на тимот од Неапол и тоа на домашен терен од Парма со 1:2. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби ниту минута време за настап кај новиот тренер.
Од друга страна пак, Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски со убав гол и донесе водство на Парма по само четири минути игра на „Сан Паоло“.

Израмни на 1:1 Милик, а во третата минута од продолжението победа на Парма и донесе Жервињо на асистенција на Дејан Кулушевски.
Парма е седма на табелата со 24 бодови, Наполи е осми со 21 бод. Елиф Елмас и Наполи веќе осум меча не знаат за победа во Серие А.