Ракомет
ВИДЕО: Германскиот гигант во Битола, тренерот на Еурофарм Пелистер вели-Никој против нас тука не е фаворит
Вечерва со почеток во 20:45 часот во Битола Еурофарм Пелистер го пречекува германскиот ракометен гигант Магдебург. Иако германските клубови се доминантни во евро-куповите, сепак Еурофарм Пелистер верува дека може да приреди сензација и да го елиминира второпласираниот тим во германскиот шампионат,. Пред првиот осминафинален натпревар од Лига Европа, тренерот Жељко Бабиќ потенцираше каков успех за клубот е настап воова друштво.
-Тие играат многу брзо, брза транзиција и брз проток на топка. Имаат на сите надворешни позиции пониски ракометари, кои се моќни во играта „еден на еден“. Магдебург има крила кои скокаат од мали агли и имаат висок процент на реализација. Имаат и подвижна одбрана и можам да набројувам уште многу работи. Тие неслучајно се втори во Бундеслигата, но ќе повторам уште еднаш: Без оглед на сите нивни квалитети, ние ги знаеме нивните слабости. Секој противник има свои слабости и со ментална агилност ќе ги пореметиме и верувам дека тие ќе имаат големи проблеми во Битола. Оптимист сум и покрај тоа што игравме многу натпревари и имаме повредени ракометари. Никој не е фаворит во Битола против Еурофарм Пелистер, вели тренерот на Еурофарм Пелистер.
Возвратниот меч се игра во Магдебург следниот вторник од 18:45 часот.