ВИДЕО: Го повредија Мурињо на мечот Јунајтед-Тотенхем

Дербито Манчестер Јунајтед – Тотенхем е во тек, на неколку минути до крајот на првиот дел, резултатот е 1:1.

Сепак, интересен момент, кој можеше да заврши и опасно се случи крај аут линијата. Џејмс и Винкс беа во дуел, а овој првиот, заврши во Мурињо и го „повреди“. Португалецот се држеше за ногата, гестикулираше дека е болно, но сепак тој остана на клупата и не станува збор за ништо сериозно.