Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ѓоковиќ се соочи со бизарна сцена на стартот на Ју-Ес Опен: Ако е така, знам да се изборам со тоа!

Одговарајки на прашања кон седмата сила, Новак во еден момент тргна да коментира за публиката која беше присутна на стадионот, која традиционално е против него честопати.

„Ова е најгласниот стадион и најзабавен во спортот. Секогаш посакувам публиката да е со мене, но тоа е невозможно“.

За време на вториот сет, кога Данецот освои сет, публиката го скандираше неговото име… „Рунеее, Рунеее“, но повеќе делуваше како да му свиркаат на Ѓоковиќ.

„Искрено, не знаев дека скандираа, мислев дека ми свиркаат“, прокоментира Ѓоковиќ, а потоа се надоврза;

„Не знам, не беше баш идеална атмосфера за мене, да ви кажам искрено. Но имам играно во таква атмосфера и претходно, така да знам да се изборам со тоа“, истакна Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ успешно ја мина првата пречка на Ју-Ес Опен и покрај тоа што загуби еден сет од младиот дански квалификант, меч кој во најмала рака беше чуден поради отпорот на Холгер Руне, но и реакциите на публиката која не можеа да се сфата најјасно.