Кошарка
ВИДЕО: Голден стејт со минимална победа против Торонто, Рапторс се жалат на лошо судење
Бранителите на титулата во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс имаа 27 кошови предност на полувремето во мечот со Торонто Репторс, за на крајот одвај да победат со 127:1225, а поразените се жалеа на лошото судење.
„Невозможно е судијата да ви одговори ‘не видов’ или ‘тоа не беше моја одлука’“, изјави по мечот тренерот на Рапторс, Двејн Кејси, жалејќи се на лошото судење.
Кај Голден Стејт Вориорс постигна Клеј Томпсон 26 поени, Кевин Дурант 25 а Стеф Кари 24 кошови. Кај Торонто одличен беше Демар ДеРозан со 42 поени.