Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Големиот Анчелоти, му се јави на навивач заразен со КОВИД-19

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ја воодушеви англиската јавност откако му се јави на навивач на Евертон заразен со коронавирус и во повикот му даде поддршка во овие тешки моменти.

-Здраво Марк, како си. Карло е на телефон, рече Анчелоти, а кога збунетиот навивач праша со кој разговара, тренерот одговори:

-Јас сум менаџер на Евертон, а знам дека ти си навивач на тој клуб. Дали е точно тоа?, праша Анчелоти.

-Да, јас сум и ваш навивач исто така. Добро сум, во моментов гледам многу работи на Нетфликс, одговори навивачот, по што Анчелоти му ја препорача серијата Аутсајдер на HBO.