Фудбал
ВИДЕО: Голот со глава на Станиќ им донесе победа на Победа
Екипата на Победа денеска гостуваше во Струмица кај Академија Пандев, а од таму се враќаат во Прилеп со жешки плус три бода на табелата кои ги извади од црвената зона на табелата.
Академија Пандев оваа сезона не бележи голем не усех на табелата, па така и денеска се бореше до 90. минута против Победа.
Трите бода на Победа ги донесе голот на Мирослав Станиќ во последната минута од првото полувреме на натпреварот.
Екипата на Академија пандев се бореше до крај и имаше две-три одлични шанси за погодок, но сепак не успеаа да ја затресам мрежата на гостите.
Моментално, Академија Пандев е на 4. позиција на табелата, а Победа на 8 место.