Тајмаут
ВИДЕО: Гвардиола со коментар за осудените политичари од Каталонија
Врховниот суд на Шпанија осуди 12 организатори на референдумот за независност на Каталонија. Девет активисти се осудени на затворска казна од девет до 13 години. Останатите тројца беа прогласени за виновни за непослушност и не им беше изречена казна затво.
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја критикуваше одлуката за затворање на организаторите на референдумот за независност на Каталонија.
– Ова е неприфатливо во Европа во 21. век. Шпанија се претвора во авторитарна држава. Политичарите што оваа земја ги испрати во затвор се лидери на најголемите партии во Каталонија. Овој конфликт има само еден излез. Треба да се седне на преговарачката маса и да се преговара, изјави Гвардиола.
#LoMásVisto ? Pep Guardiola: “La sentencia del ‘procés’ es un ataque a los derechos humanos” https://t.co/OOhPvU1ZIi
— MARCA (@marca) October 15, 2019