Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Хаос во Бразил, по 98 години легендарниот клуб испаѓа од лигата, навивачите бесни

Крузеиро на домашен терен загуби од Палмеирас со што и официјално стана јасно дека испаѓа од најдобрата фудбалска лига на Бразил. Прв пат во 98 годишната историја овој клуб испаѓа од лигата.

Сето ова им дојде премногу на навивачите кои направија вистински хаос на трибините. Од физички пресметки и тепачки, до демолирање на стадионот. Полицијата мораше да реагира употреби и солзавец и гумени куршуми.

Бразилските медиуми соопштија дека има и повредени, но бројката засега не е позната.

Крузеиро четири пати бил шампион на Бразил, два пати ја освоил Копа Либертадорес, а има уште многу труги признанија и пехари.

Дресот на овој клуб го носеле големи имиња како што се голманот Дида, Кафу, Роналдо, Диего, Џовани Елбер, Фред, Луизао, Максвел, Ривалдо.