Кошарка
ВИДЕО: Херис носи победа за Денвер над Оклахома со звукот на сирената
Кошаркарите на Денвер славеа против Оклахома со 127-124 во најинтересниот дуел од НБА лигата а мечот беше решен на 1.4 секунди до крајот кога Гери Херис реализира тројка за голема радост на домашниот тим.
Прекрасен меч одигра Никола Јокиќ кој го реализира својот 9-ти трипл дабл во НБА лигата со 29-поени, 13 асистенции и 14 скока.