Фудбал
ВИДЕО: Хорор повреда на голманот на Тотенхем Хуго Лорис, ја скрши раката
Нема крај за проблемите на Маурисио Покетино. Неговиот тим игра лошо сезонава, по поразот од 7:2 од Баерн Минхен, попладнево по првите 45.минути губи со 2:0 на гостувањето кај Брајтон.
Но, поголем проблем е Хуго Лорис. Тој заработи тешка повреда уште во втората минута од мечот кога при обид да фати висока топка, незгодно падна и ја скрши раката.
Засега нема детални информации за повредата, но Лорис играта ја напушти во 8.минута од натпреварот.