Ракомет
ВИДЕО: И Французинот ќе му каже збогум на Вардар
Откако стана јасно дека Чупиќ и Дисингер следната сезона нема да бидат дел од Вардар, денеска потврда за уште еден ракометар. Всушсност станува збор за голманот Робин Кантегрел, кој од следната сезона нема да го носи дресот на РК Вардар. Тој се враќа во Франција, каде ќе настапува за Тулуз.
Сепак, веројатно тој нема многу да недостасува во тимот, со оглед на тоа дека по доаѓањето во Скпје во 2020-та година од Сенеон Рен, не ги оправда очекувањата.