Фудбал
ВИДЕО: Ибра не оди во Хамарби, тоа е уште еден маркетиншки трик
Челните луѓе на шведскиот тим Хамарби реагираа откако се прошири видеото на Златан Ибрахимовиќ објавено на неговиот Инстаграм, во кое на клупскиот дрес беше испишано неговото презиме. Велат не контактирале со него, ниту разговарале за трансфер.
Сепак, италијанските медиуми, велат дека се работи за маркентишки трик, односно дека семејството Ибрахимовиќ влегува како спонзор во Хамарби. На кој начин ќе биде тој договор и соработка, се уште не е познато.