Фудбал
ВИДЕО: Ибрахимовиќ повторно шокира, дали е ова неговиот нов клуб?
Златан Ибрахимовиќ објави ново видео на Инстаграм, овој пат дрес од Хамарби, на кое е испишано неговото презиме. Со оглед на тоа дека се очекува тој за еден месец да има нов клуб, ова видео делуваше шокантно за фановите.
Милан се надева на неговиот потпис, тука се уште неколку клубови, а дали ова видео е уште еден маркетиншки трик, како со рекламата дека се „враќа“ во Шпанија, останува да видиме.