Фудбал
ВИДЕО: Играч на Ајакс доби удар во глава, судијата го прекина дербито
Ајакс поведе во 14. минута со голот на Душан Тадиќ, Сантијаго Хименез израмни за Феенорд во судиското надополнување, а Класен погоди на десет минути пред паузата за ново водство на „Копљаник“.
Фудбалерите на Ајакс се пласираа во финалето на холандскиот куп откако во Ротердам го совладаа Феенорд со 2-1.
Средбата ја одбележа инцидентот во 61. минута кога напаѓачот на Ајакс Дејви Класен беше удрен од предмет од толпата, по што му крвари главата.
Инцидентот и прекинот на натпреварот погледнете го ТУКА .
Судијата Алард Линдхаут ги извлече екипите од теренот и паузата траеше повеќе од половина час. Полицијата набрзо го привела навивачот кој го фрлил предметот.
Помошникот на тренерот на домашната екипа Џон де Волф се обрати на публиката во Де Куип барајќи нивна помош.
– Фанови, употребете го умот, очајно ни е потребна вашата поддршка – рече тој.
Сепак, натпреварот потоа уште еднаш беше прекинат на неколку минути поради огнометот на локалните навивачи.