Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Играше со Рамос и Дани Алвеш, постигна 100 голови, а сега работи како келнер

Објавено:

Дарио Силва, веројатно постарите љубители на фудбалот добро се сеќаваат на ова име. Уругваецот, освен за неколку клубови во својата земја, играче и во Шпанија, прво за Малага, а потоа и Севиља, каде соблекувалната ја делеше со Рамос и Дани Алвеш. За овие два клуба на 150 настапи постигна 50-тина голови. За селекцијата на Уругвај одигра 50 меча, постигнувајќи 14 голови.

Беше познат и славен. Но, имаше неколку повреди поради кои падна во форма. Од Севиља замина во Портсмут, Англија, но наместо да се врати во форма, уште повеќе потона па се пензионираше.

Дека животот кон него не беше фер покажува и сообраќајната несреќа која ја доживеа во 2006-та година и во која загуби еден дел од својата нога. Поради терапиите, лечењето, остана без пари.

Сега работи како келнер за да преживее. Три пати со Пењарол ја освои уругвајската лига, а со Малага го освои Интертото Купот, натпреварување на УЕФА кое сега не постои.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com