Тајмаут
ВИДЕО: Како Меси со еден потег ги одушеви сите и тоа надвор од теренот
Лионел Меси ја одушеви аргентинската јавност по натпреварот со Нигерија.
Пред одлучувачкиот натпревар новинарот Рама Понторто му даде на Меси амајлија која припаѓаше на неговата мајка и го замоли да ја носи на натпреварот против Нигерија.
Новинарот го праша по натпреварот дали се сеќава дека му поклони амајлија. Не само што се сеќавал, Меси му покажа дека ја носи околу ногата, а репортерот остана шокиран.
Со овој потег аргентинската ѕвезда ги одушеви апсолутно сите и сигурно дека ова најмногу ќе го памети Панторото.