Тајмаут
ВИДЕО: Како Салах игра кошарка? Па, подобро да не игра…
Мохамед Салах е голем фудбалски мајстор, но со кошаркарска топка не му оди баш најдобро.
Ѕвездата на Ливерпул ја одбележа претходната сезона, како во Премиер лигата, така и во Лигата на шампионите. Одличниот Салах многумина го засакаа, а тој се покажа како некој кој би можел да руши многу од рекордите на Роналдо и Меси.
Во меѓувреме, во тренинг кампот на Ливерпул се обиде и во кошарката, но неговите обиди беа, благо кажано, смешни.
Очигледно е дека нема осет за кошаркарска топка, па делуваше како да фрла „тули“. Салах нека му остане верен на фудбалот, тоа многу подобро му лежи.