Фудбал
ВИДЕО: Како си помина Салах кога последниот пат играше против Реал?
Натпреварот од осмина-финалето на Лигата на шампионите во 2016 година беше последен пат кога Египќанецот играше против Реал Мадрид.
Вечерва, на Олимпискиот стадион во Киев, го очекуваме финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Многу ги интересира како смртоносниот напад на Ливерпул, кој оваа сезона во нај елитното европско натпреварување постигна 40 гола, што е рекорд во Лигата на шампионите, ќе се справи со одличната одбрана на Реал Мадрид.
Во центарот на вниманието ќе биде најдобриот стрелец на Ливерпул оваа сезона, Мохамед Салах и неговите дуели со Марсело и Рамос, а последниот пат кога Египќанецот играше против „Кралевите“ беше во месец март 2016 година, во дуелот од осмина-финалето на Лигата на шампионите, кога Реал на Бернабе славеше со 2 0. Салах на таа средба со леснотија се снаоѓаше со одбраната на Мадрид, но во неколку наврати пропушти реализација. Погледнете како изгледаше сето тоа.
Mohamed Salah vs Real Madrid (Away) 8/3/2016
He destroyed Ramos and Marcelo in this game, only thing that was disappointing was his finishing. pic.twitter.com/tilgfjL9qb— Bassam (@BassamLFC) May 5, 2018