Ракомет
ВИДЕО: Каков гол на Лазаров, „проектил“ преку живиот ѕид во последна секунда за триумф на Нант
Кире Лазаров е најзаслужен за победата на Нант во дуелот со Шамбери од 29:28. Токму македонскиот ракометар погоди во последната секунда и тоа од девет метри, директно, преку живиот ѕид.
Во драматичен натпревар, на две минути до крајот Шaмбери водеше со +2, но Нант го стопи водството и со гол на Лазаров во последната секунда стигна до голема победа.
Нашиот репрезентативец постигна шест погодоци, четири од игра и два од линијата од седум метри.
Со оваа победа Нант остана при врвот на табелата во најсилната лига на Франција.