Фудбал
ВИДЕО: Калдерони „украде“ победа на Милан во судиското продолжение
Милан не успеа да победи ниту со нов тренер. Стефано Пиоли дебитираше со реми 2:2 на „Сан Сиро“ против Лече. Поведоа „Росонерите“ со голот на Чалханоглу во 20.минута. Овој резултат беше актуелен се до 60.минута кога Бабакар од втор обид успеа да ја реализира најстрогата казна, односно пеналот.
Пјатек во 81.минута му донесе ново водство на Милан, но кога сите мислеа дека трите бода ќе останат на „Сан Сиро“, Калдерони во втората минута од судиското продолжение со фантастичен гол ги постави конечните 2:2.
Серие А, 8.коло, парови и резултати:
Недела:
Сасуоло – Интер 3:4
Каљари – Спал 2:0
Сампдорија – Рома 0:0
Удинезе – Торино 1:0
Парма – Џенова 5:1
Милан – Лече 2:2
Сабота:
Лацио – Аталаната 3:3
Наполи – Верона 2:0
Јувентус – Болоња 2:1
Понеделник:
Бреша – Фиорентина