Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Кире Лазаров-Сонувавме дека ќе направиме изненадување, но не игравме на нашето ниво

Легендата на македонскиот, но и светскиот ракомет Кире Лазаров по втор пат е во Египет на Светско првенство. Прв пат во 1999-та година кога дебитираше за Македонија, а сега повторно 22 години подоцна. Секако за администраторите на веб страниците на Мундијалот во Египет, Лазаров е интересен бидејќи е една од најголемите ракометни ѕвезди кои играат на ова СП.

Во кусо интервју за веб страницата изјави дека Египет ќе направи големи работи, ако не на овој собир, тогаш на следниот сигурно. За Македонија изјави дека се надевале дека можат да направат чуда, мислејќи на дуелите со Шведска и Египет, но сепак признава дека не играле како што треба.

– Дојдовме да се бориме до крај. Сонувавме дека можеме да направиме изненадување,  но не игравме со посакуваното ниво. Не сме задоволни со поразот со 19 голови. Се разбира, ова не беше добро за нас и за нашата земја, вели Лазаров.

Што се однесува до неговата иднина, тој изјави дека во моментов е тука со репрезентацијата и на тоа е концентриран, а верува дека со неговото искуство може да му помогне на подмладениот состав на репрезентацијата да го совлада Чиле и да се пласираат во следната рунда.