Поврзи се со нас

Ракомет

ВИДЕО: КЛ7 кај Астерион ја запиша третата победа во Супер-лигата

КЛ7 продолжува со одличните партии во Супер-лигата. Вечерва славеше на гости кај Астраион (25-33) и ја прокнижи третата победа во деби-сезоната во македонската ракометна елита, Суперлигата.

Пресуден беше фуриозниот старт на гостите од Скопје, кои по минималното водство од 2-3 постигнаа пет гола во низа и сериозно се одлепија. КЛ7 имаше и најубедливи „плус осум“ (4-12), по што струмичани почнаа да ја топат негативата.

До крајот на полувремето домаќините дојдоа на само три гола разлика (11-14).

Разликата во ниту еден момент од второто полувреме не се спушти под четири гола разлика, па КЛ7 сосема заслужено стигна до својата трета овосезонска победа, со што оваа екипа си ги зголеми шансите за пласман во плејофот.

Најефикасен ракометар кај КЛ7 беше Буторац со девет постигнати погодоци, а кај Астраион најдобар беше Караиванов со девет голови.

loading...

Facebook