Кошарка
ВИДЕО: Клиперси ја добија битката за Лос Анџелес против Лејкерси
Први натпревари во новата НБА сезона и прво градско дерби. ЛА Клиперс го совлада ЛА Лејкерс со 112:102. Најефикасен во победничкиот тим беше Кавај Ленард со 30 поени во својот прв настап за Клиперси, по доаѓањето од Торонто каде ја освои својата втора НБА титукла.
Најголема поддршка имаше во Лу Вилијамс со 21 поен.
На Лејкерси не им помогна ниту одличниот настап на Ентони Дејвис кој на дебито оствари дабл-дабл со 25 поени, 10 скокови, а запиша уште 5 асистенции и 2 блокади.
Најефикасен бепе Дени Грин со 28 поени, доека Леброн уфрли 18 со 9 скокови и 8 асистенции.
