Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Кливленд поразен од Детроит, Кавалирс остануваат без Лав

Актуелниот вицепрвак во НБА лигата доживеа пораз во Детроит 125:114 и на неодреден период остана без крилниот центар Кевин Лав.

Лав сезонава има просек од 18,2 поени и 9,6 скока по натпревар. Поради повредата тој ќе го пропушти Ол стар натпреварот кој на програмата е на 18 февруари во Лос Анџелес.

Инаку против Детроит најефикасни кај Кливленд беа Леброн Џејмс со 21 поен, 6 скока и 7 асистенции, односно Ајзеа томас со 19 поени, 3 скока и 5 асистенции.

На спортивната страна целата стратна петорка на Детроит постигна двоцифрен број на поени, најмалку 19 реализира Еш Смит, најефикасен беше Стенли Џонсон со 26 поени, а блескаше Андре Драмонд со 21 поен, 22 скока и 7 асистенции.