Кошарка
ВИДЕО: Коби Брајант се враќа од пензија за да игра покрај Леброн и да ја освои НБА
Тоа што Леброн Џејмс дојде во нивниот клуб, не е единствената вест која ги одушеви навивачите на Лос Анџелес Лејкерс.
Инемо, некогашната ѕвезда на овој клуб, Шекил О’Нил, откри доста интересен детаљ, кој би можел да се нарече ие спортска сензација.
Додека беше на еден хуманитарен натпревар во „градот на ангелите“, новинарите од „TMZ“ го прашаа О’Нил дали би се вратил во Лејкерс, и покрај тоа што има 46 години, за да игра во тандем со „кралот“.
„Не, јас завршив“ кратко одговори О’Нил и додаде:
„Коби се враќа, колку што слушнав. Коби се враќа, така барем јас слушнав. А вие слушнавте од мене“ кажа О’Нил.
Коби Брајант е помлад о О’Нил, има 39 години, а во 2016. година се прости од кошарката и се посвети на други работи. Сепак оваа сензационална најава за враќање во НБА не е невозможна, затоа што има и постари играчи од него кои се уште играат во најсилната лига на светот (пример Винс Картер има 41 година, а Дирк Новицки има 40. години).